Сестрите Миног на насловна

Познатите сестри и пејачки Кајли и Дани Миног, заедно позираа за насловната страна на декемврискиот број на австралиското издание на Harper’s Bazaar.

Со оглед на тоа дека во Австралија во моментов е расцутена пролетта, сестрите се главни протагонистки во една колоритна и цветна приказна која мириса на сите радости што ги носи ова годишно време.

Облечени во раскошни и лелеави тоалети, Миног сосема природни и со широки насмевки уживаат во цветното опкружување и со јавноста ги споделуваат своите заеднички, сестрински моменти.

Останати вести