Пожари беснеат во Нов Јужен Велс.
Пожарите се чести во Австралија во текот на топлите месеци, но она што е невообичаено е почетокот на пролетта на некои места беше со екстремно високи температури, па и големината на пожарите е неочекувана.Во февруари 2009 година, во пожари загинаа 173 лица, а уништени беа повеќе од 2.000 куќи во Викторија.
Чадот од пожарите го сокри сонцето над Сиднеј, па над градот има кафено сиви облаци.
Речиси стотина пожари беснеат во Австралија. Според надлежните од противпожарната служба, 18 пожари се уште се надвор од контрола, затоа што ги разгорува силен ветер.
Се уште не се знае за точниот број на изгорени куќи и објекти, и нема извештај за загинати лица во огнените стихии што се протегаат од Њукастел до Волонгонг.
Пожарникарите и волонтерите на руралната пожарникарска служба, што храбро се борат со стотиците пожари што го зафати поголемиот дел на Нов Јужен Велс, добија засилување од соседните држави на Австралија кои солидарно веднаш се пријавија да помогнат во оваа непогода. Околу 1500 пожарникари деноноќно се обидуваат да ги спасат преостанатите градчиња долж државата, откако огнената стихија однесе стотици домови, едно лице го загуби животот а повредени се десетици пожарникари и илјадници луѓе се евакуирани од своите домови.
Некои од пожарите се уште се активни а илјадници лица се се уште раселени. Се верува дека во некои случаи пожарите се намерно подметнати а екстремните температури проследени со силен ветар придонесоа да гори низ целата држава. Досега 88,625 хектари шума изгоре а се уште трае огнената стихија. Полицијата трага по сторителите.
Во главниот град на НЈВ, шумски пожари уништија повеќе од 30 куќи западно од Сиднеј, принудувајќи голем дел од населението да се евакуира и покривајќи најголем дел од австралискиот град со густ жолт чад. Магистралните патишта кон Сиднеј беа затворени, како и аеродромот во Њукасел на околу 160 километри северно од градот.
27 Dec 2024