Младиот Зак Јанг (19), почина од напад од ајкула на плажата Кемпбел во Кофс Харбор, што се наоѓа во близина на Волонгонг во НЈВ. Според известувањата тој починал од срцев напад и обилно крварење откако двете нозе му биле скоро одгризани при фаталниот напад.
Неговите четири другари, што биле со него, храбро се бореле се ајкулата накратко и го извлекле од водата, при тоа се обиделе да му дадат прва помош на местото.
Јанг, од Порт Маквари, пливал на околу 100 метри од брегот кога нападот се случил. Сите плажи во Коф Харбор беа затворени и хотелите не им дозволуваа на гостите да одат на плажа по настанот. Од локалните власти се организираше потера по ајкулата и беа спроведени сите мерки на претпазливост во радиус од 10 километри од нападот. Во оваа област се ретки нападите од ајкули а во 150 годишната историја на оваа област досега се забележани само два напада.
13 Oct 2024