Најава за политичка кариера
Питер Ристевски во септември беше назначен за заменик-градоначалник на општината Ливерпул.
Питер води национална сметководствена фирма каде што тој е коосновач. За весникот Ливерпул лидер Ристевски изјави: “Јас се приклучив на Либералната партија во истото време кога го започнав и мојот бизнис”.
Тој беше избран да го замени неговиот колега, либералот Mазар Адид- гласовите во општинскиот совет беа 7- 4 во негова корист, совладувајќи го кандидатот од лабуристичката партија Али Kaрниб.
“Бев заинтересиран за политиката од моите студентски денови на UWS” вели Питер.
Тој признава дека има политички амбиции надвор од општинскиот совет, но истакнува дека е среќен да го искористи своето време.
“Дефинитивно … но политиката не е како било која друга кариера каде што се појавуваш само со биографија”, рече тој.
“Треба да го избереш својот тајминг, треба да имаш долговечност, сите овие фактори треба да дојдат заедно за вас.
“Тоа нема да се случи во 2015 … но со своето бизнис искуство мислам дека би можеле да го совладам и тој пат.”
Тој сака да им помогне на малите бизниси во Ливерпул.
“Јас работам на начин на кој може да им се помогне на локалните бизниси во нашата област”, рече тој.
Ристевски се населил со своето семејство од Маунт Причард во Чипинг Нортон кога имал седум години и се уште живее во тоа предградие.