Во Литературното друштво ” Григор Прличев” се одржа средба со поетесата Жаклина Михајлова, која неодамна се врати од Македонија, каде што ѝ беше доделена наградата Иселеничка грамота, што традиционално ја доделува Матицата на иселениците за стихозбирката “Од по жица”. Таа донесе и подарок за Библиотеката ” Григор Прличев ” од неколкумина познати македонски автори. На Библиотеката свои комплет дела и подарија писателот Раде Силјан од издавачката куќа “Матица”, писателот Христо Петрески од “Феникс”.
“Подарокот е великодушен и хуман гест од страна на директорите и издавачите”, истакна Михајлова и додаде дека, “иако денеска светот е глобално село, се чини сѐ е на дофат на компјутерското копче, сепак на интернет има многу малку електронски книги на македонски јазик, па ова е ретка можност и читателите овде да се запознаат со богатството на македонската современа литература. Несомнено подеднакво е важна нејзината промоција и надвор од границите на Македонија.”
02 Dec 2024