Времето потребно за да се заздрави од КОВИД-19 е различно од човек до човек, во зависност од тоа колку болно било лицето од КОВИД-19 и дали имало други претходно постоечки здравствени проблеми. Некои луѓе имаат постојани симптоми после прележувањето на КОВИД-19. Дури и благи случаи на КОВИД-19 може да имаат трајно влијание на здравјето на луѓето.
Продолжете да читате за да дознаете за долгите ефекти на КОВИД и што значат тие за вас и за вашата заедница.
Што е долг КОВИД?
Долг КОВИД е кога симптомите на КОВИД-19 на некое лице траат четири недели или подолго откако тој/таа првпат бил/а заразен/а со КОВИД-19. Долгиот КОВИД може да трае многу недели и месеци, дури и ако лицето повеќе го нема вирусот.
Симптомите на долг КОВИД може да бидат различни за секое лице. Честите симптоми вклучуваат:
Сè уште не се познати многу долготрајни придружни ефекти од КОВИД-19. Токму затоа е важно да направите сè што можете за да се заштитите да не се заразите со вирусот КОВИД-19, вклучително да примите и да бидете во тек со вашите вакцини против КОВИД-19.
Кој може да добие долг КОВИД?
Долгиот КОВИД може да влијае на секој кој бил заразен со КОВИД-19. Во Австралија и ширум светот во тек се истражувања во обид подобро да се разбере за кои лица постои поголема веројатност да добијат симптоми на долг КОВИД.
Лицата кои имале блага инфекција со КОВИД-19 и кои не морале да одат во болница, сè уште можат да добијат долг КОВИД. Некои истражувања укажуваат дека до 1 од 3 лица кои имале КОВИД може да бидат погодени од долгиот КОВИД. Експертите продолжуваат да го испитуваат долгиот КОВИД за да дознаат колку лица страдаат од него и да ги изнајдат најдобрите начини тој да се лекува и намали.
Како можам да се заштитам себеси и мојата заедница?
Вакцините против КОВИД-19 можат да помогнат да се намалат шансите да се добие долг КОВИД. Погрижете се да бидете во тек со вашите вакцини против КОВИД-19, за да помогнете да се заштитите од долг КОВИД.
Може да помогнете во забавување на ширењето на КОВИД-19 ако се вакцинирате и ако продолжете да ги следите безбедносните практики за КОВИД-19, како што се да одржувате растојание од 1,5 метар од другите и правилно да носите маски. Ова води кон тоа помалку луѓе да се заразат со КОВИД-19, што го намалува бројот на луѓе кои страдаат од долг КОВИД.
Ако сте имале позитивен тест за КОВИД-19 пред повеќе од неколку недели и сè уште не се чувствувате добро, разговарајте со вашиот доктор.
Ако сте загрижени за вашите симптоми или ви се потребни повеќе информации, одете на health.gov.au или јавете се на Националната дежурна линија за коронавирусот (National Coronavirus Helpline) на 1800 020 080. Изберете ја опцијата 8 за бесплатно преведување.
Овластено од Aвстралиската влада, Канбера.