Социјалното друштво “Браќа Миладиновци” од Мелбурн минатава сабота во рецепцијата Голден Стар, во Епинг, го одржа својот традиционален годишен бал.
Стружани, познати по својата срдечност и оваа ноќ успеаjа да создадат магична атмосфера, a преполната сала со голем број млади е вистинска реткост, но тоа е одликата на овој бал. Како гости на оваа свеченост, покрај конзулката на Македонија Бети Коруновска и нејзиниот сопруг Мендо Коруновски, беше и Гладис Лиу, кандидатката за сенатот од либералната партија за претстојните избори во Викторија, која се обрати до присутните и имаше пригоден говор. Свој настап со кој започна балот имаше КУД Светлост, а после тоа музиката практично без престан ечеше до раните утрински саати.
02 Dec 2024