Многу верници дојдоа во црковниот храм “Света Петка” во Рокдаел да го прослават големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, наречена Голема Богородица.
Успение Воскресение на Пресвета Богородица, меѓу народот позната како Голе- ма Богородица. Оваа родилка на нашиот спасител Исус Христос велат во црква- та го зазема второто место во историјата на човештвото.Таа е симболот кој повр- зува меѓу светото/небеско царство и овоземното.. мост меѓу небото и земјата. Со нејзиното доаѓање на земјата се сменил односот на човекот кон човека, на човекот кон Бога. Започнала ера на почитување на жената. Ѓаватската асоцијација во чест на мајката Божја приредија мала закуска во дол- ната црковна сала. Претседателот Борис Буџевски ги поздрави присутните и им го честита овој го- лем христијански празник, а посебно на ѓаваштани им рече”Колку повеќе не неги- раат, толку стануваме поцврсти. Се што е изградено од нас е успеано со мудроста, снаодливоста, работата, даренијата, татковската и љубовта кон Бога, во овој да- лечен свет, во нашата втора татковина. Нашите активности продолжуваат и нема да згаснат. Борис Буџевски е познат сиднејски ѓаваштанец, кој со голема упорност и доблест има направено многу за македонската заедница во Сиднеј, а посебно за ѓаватската асоцијација.
Овој човек не го поколебаа ниту заканите, ниту туѓите пропаганди, ниту атаците врз него од разни кругови. Тој остана цврст на курсот дека мултикултурната стварност на петтиот континент, македонскиот фолклор и јазик мора да опстојат иако многумина и ден денес се обидуваат да ги прекрстат. Макотрпен беше патот да се изгради оваа наша бела убавица. Но од големите да рителни срца и вредните раце на нашите верници се изгради ова катче, кое со де- цении е вистинска амбасада, своевидна матица и средиште на многу иницијативи, предлози и значајни манифестации кои пошироко во Нов Јужен Велс, па и во мултикултурната австралиска земја, ја афирмира нашата македонска православ- на црква, нашето македонско име и националното достоинство. Големи честитки до управниот одбор на оваа асоцијација, а посебно до претседате- лот Борис Буџевски, Владе Штуревски и Борче Јуруковски за извонредната орга низација.
Тоде Кабровски