Театарот од Сиднеј ги расплака и насмеа Македонците во Викторија

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со познатата претстава „Борење со мечка” од Душан Ристевски, во режија на Стефо Нанцу, гостуваше во Мелбурн, каде што се играа две претстави, и во Џилонг со една претстава.

На претставата во Престон присуствуваше и македонскиот конзул во Викторија, Бети Коруновска со својот сопруг.
Публиката беше одушевена од професионалниот настап на глумците (Васко, Ирена, Никола, Валентина, Стефани, Јаворка, Самоил, Владо) кои преку карактерите дадоа една реална слика за две македонски семејства кои се борат со најтешката болест во својот живот. По изведбата во Џилонг се најави симнување од репертоар на оваа драма, која досега беше изведена 22 пати, од кои три изведби беа дадени на англиски јазик за пошироката австралиска публика.
Пред самата претстава во Џилонг, др Ирена Вељанова ги претстави двете наградени книги на поетите Иван Трпоски и Душан Ристевски. Инаку, овие автори исто така беа претставени на 29 август на средбата со членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци” во социјалниот клуб Престон-Македонија во Мелбурн.
Македонскиот театар од Сиднеј најавува нова претстава за ноември оваа година под името „The Fence – Ограда” а кон почетокот на идната година на сцена ќе биде поставена и комедијата „Др Жими Мајка”, двете од драматургот Душан Ристевски.

Иван Трпоски

Фото: Сашко Вељанов

 

ФОТО ВЕСТ

Сиднејските поети Иван Трпоски и Душан Ристевски пред драмската претстава „Борење со мечка“ во просториите од Општинската сала во Престон, имаа средба со конзулката на Р. Македонија во Мелбурн Бети Коруновска. Таа им се заблагодари на примероците од стихозбирките „Угрејсонце во мојот сон“ и „Украдени мисли“ со лична посвета.

Останати вести