Турнејата на АММД Никола Карев од Мелбурн, “Танцуваме и пееме, за тебе Македонија” 2014 беше импресивен успех и топло прифатена низ сите места каде што друштвото настапи.
За овој потфат друштвото им се заблагодарува на двата главни спонзори Шелдон рецепција и D.D.D’s Rooming Houses. Нивниот придонес овозможи да биде успешна турнејата во Република Македонија.
Од АММД Никола Карев, исто така, би сакале да се заблагодарат на многу наши ѕвезди што настапија на концертите:
Пејачите: Јордан Митев, Спасен Силјаноски, Анета Арсовска, Елена Јовческа, Анета Наковска, Гонце Гогова, Маестрал Бенд, Болеро Бенд, групата Модус со Благица Калева, групата Јупитер со Горан и Ленче Кукиќ. Потоа комичарите: Марјан Георгиевски и Сашо Ристевски.
Играорните групи: Гоце Делчев од Битола, Тримери од Струмица, КУД Китка од Радовиш, КУД Бисер од Кичево, ЗКУ Иљо Антески Смок од Тетово, КУД Извор Јегуновце од Тетово. Посебна благодарност до музичарот Димитар Митревски кој помогна за време на турнејата.
Играорците за време на турнејата претежно беа базирани во Крстаноски Guesthouse и апартманите Јолевски во Охрид.
Последно, но не и најмалку важно за луѓето од Македонија кои дојдоа заедно во рекорден број да ги видат настапите на АММД Никола Карев од Мелбурн низ Македонија.
Миле Котоски
Потпретседател на Австралиската Македонска младинска асоцијација Никола Карев