Младиот Димитар Митков, кој моментално се наоѓа на неколкудневна посета во Мелбурн е најмладиот играч во составот на ФК Вардар од Скопје и игра за првата постава и започна да тренира со нив на 16 годишна возраст. Инаку Димитар е роден во Мелбурн и има настапувано досега десет пати за младинската репрезентација на Австралија. Инаку од мај 2013 година се наоѓа во редовите на ФК Вардар.
Искористувајќи ги малите паузи од активниот тренажен процес, комплетните вардарови структури реализираа заедничка средба на која уште еднаш беше нагласена определбата црвено-црните цврсто да продолжат на зацртаниот шампионски пат.