Вежбите за издржливост се ефикасни против стареење

Научниците од Универзитетот во Лајпциг, Германија, открија дека вежбите за издржливост, како на пример трчање, пливање, велосипедизам итн се поефикасни против стареењето отколку вежбањето во фитнес-салата.

Истражувањето опфатило 266 млади луѓе кои порано не вршеле физички вежби. Учесниците биле поделени во неколку групи.

Во едната од нив во период од 6 месеци биле вршени вежби за издржливост – трчање во одреден период, во другата – високоинтензивни интервални тренинзи –загревање, проследено со менување на брзо и бавно трчање и на крај бавно трчање, а во третата –вежби во фитнес-салата. Третата група била контролна, т.е. начинот на живот на учесниците во неа не бил променет.

Вежбите во траење од 45 минути биле изведени трипати неделно. Само 124 млади луѓе продолжиле со своето учество во експериментите до самиот крај.

Научниците ја истражувале должината на теломерите кај учесниците и активноста на ензимот теломераза (telomerase) во белите крвни зрнца (леукоцити), кои биле одземени од волонтерите во почетокот на истражувањето и 2-7 дена по неговото завршување. Се покажало дека кај сите учесници кои вршеле вежби за издржливост, се зголемила должината на теломерите, кои го штитат ДНК-то од оштетување за време на нејзината репликација, и се

зголемила активноста на обновување на ензимот теломераза. Вежбите во фитнес-салата немале сличен ефект.

Според мислењето на научниците, физичката активност влијае врз нивото на азотниот оксид во крвните садови и како резултат се подобрува функционирањето на клетките.

Останати вести