Во моментов иако фудбалската сезона е завршена, ние работиме макотрпно и непрестано за организирање разни збиднувања, за собирање финансии од кој еден дел ќе одат за отплаќање на долгот спрема државата, друг дел за финансирање на сениорскиот тим и трет дел за секаде каде ќе биде потребно да се помогне во клубов.
Во соработка АФС се организира јуниорски турнир на ниво на Викторија во јуниорска кункуренција, од кој во кантините финансиски сме доста задоволни.
Организиравме турнир во мал фудбал во кој учество зедоа љубители, симпатизери и поранешни играчи на Престон Македонија
Имаме организирано турнир во голф во ноември, кој сега прерасна во традиционален.
Значи се работи преку целата година.
Им се заблагодарувам на сите членови на нашата управа за досегашната работа, која се надевам ако не повеќе барем во иста мера ентузијазам и љубов кон Престон Македониа ќе продолжи да работи со помош на нови луѓе од различни сфери и професии кои ќе донесат нови искуства.
Благодарност до Драги Груевски и Крис Трпос за посредувањето со општината Даребин и специјално за спонзорскиот дел во кој имавме најуспешна година, како што знаеме претходните години многу спонзори ќе ветеа финансии но повеќето не плаќаа, така што оваа година за прв пат сите спонзори платија 100 проценти од договореното. Да нагласам Драги Груевски е спонзорски менаџер а Крис Трпос асистираше.
Благодарност до Васко Таневски, нашиот благајник, Аце Стојановски, тимскиот менаџер, Боби Мирчески кој се грижеше за имиџот на клубот а и за информираноста на нашите љубители на Престон Македонија, Борче Димоски, човекот за се, луѓето што работеа во кантините.
Ќе продолжиме да работиме напорно за да создадеме силен тим кој ќе може да ни донесе промоција со што ќе ги задоволиме симпатизерите на Престон Македонија, а воедно и да им дадеме сатисфакција на спонзорите што беа извонредно лојални.
Ќе се обидеме да направиме резултатски прогрес и со сениорскиот женски тим.
Ќе го зголемиме јуниорскиот погон со многу повеќе тимови.
Инфраструктурата ќе се подобри како на јуниорските терени така и на сениорскиот терен.
02 Dec 2024