Првото испитување на јавното мислење по изборите покажа дека опозицијата избила во водство со 52 – 48 проценти пред владата.
Ова истражување го изврши Нилсен пол за Ферфакс, и е најбрз пресврт постигнат од опозиција веднаш после пораз на избори. Моменталната ситуација во која владата на Тони Абот се наоѓа во дипломатска дефанзива со Индонезија, и гласните критики околу тајноста со азилантите е главната причина. Малкумина навистина се запознаени дека скандалот со Индонезија се случи поради фалење на бирократи од САД, и се однесува за нешто што се случило во 2009 година, времето кога на власт беше Кевин Рад. Идентична е ситуацијата со азилантите кои пристигнуваат со бродови, пред да дојде Кевин Рад пристигнаа само два брода во една година, откако тој ги смени законите дневно пристигнуваа некогаш и повеќе од два брода.
Во истражувањето прајминистерот Тони Абот сепак има предност над Бил Шортен од 49 спрема 41 процент.
02 Dec 2024