Македонската Австралиска организација на заедницата (MACO Macedonian Australian Community Organisation) оваа година по втор пат го организира Macedonian Food Festival, што ќе се одржи во недела на 27 октомври.
Местото за оваа манифестација е преубавиот Вилијамстаун, едно од првите предградија на Мелбурн, кое и денеска живее и изгледа како пред стотина години. Овој празник на храната и презентацијата на македонските прехранбени продукти и јадења, по минатогодишниот голем успех, стана прослава на која ќе може да се собираат сите од заедницата и, се разбира, да ги поканат и своите пријатели кои се од друга култура и обичаи да можат да се запознаат со нешто македонско. Да може да се напијат македонски сокови и жестоки пијалоци, да пробаат ајвар, ќебапи, колбаси, бурек, бабури, мусака, тулумби, пирошки итн.
Сето тоа со прекрасна музика и песна и, се разбира, тука ќе биде и орото за што ќе се погрижат културно уметничките друштва од Викторија, заедно со гостите од Сиднеј.
Местото е Commonwealth Reserve, Nelson Place Williamstown од 10:00 часот наутро до 18:00 навечер.