Викториската влада од оваа недела воведе закони со кои ќе се обиде да го сузбие се поголемото насилство што го водат на јавни места моторџиите на злогласните банди “команчероси” и “пеколни ангели” во борба за превласт и територии. Започнува се погласно да се поставуваат прашања како е можно без еден работен ден и после излагање од затвор многумина од нив да поседуваат бизниси и имот вреден милиони долари.
Во Мелбурн изминатава година се случија повеќе пукања и убиства меѓу моторџиските банди кои се борат за територии во кои ќе продаваат дрога и да вршат изнудувања. Јавноста е загрижена бидејќи насилните акти се случуваат преку ден на јавни места во кои прашање на време е кога ќе настрадаат невини посматрачи. Полицијата во неколку рации беше изненадена од арсеналот кој го најде кај моторџиите меѓу кои имаше и автоматски пушки како “калишников”.
13 Aug 2024