Волинска средба во Грингила

На 2-ри ноември во просториите на ФК „Грингилски Лавови” во Грингила, недалеку од Волонгонг, Волинци се сретнаа по 16-ти пат, за со полни чаши и убава македонска музика да се видат, помуабетат и провеселат. На присутните, во име на одборот, топло добредојде им посака Иван Трпоски, а за досегашните и идни планови им се обрати еден од иницијаторите на Волинските средби Тоде Николоски.

Приходите од досегашните средби биле исклучиво наменети за хуманитарни цели – обнова и изградба на нивното родно село Волино, Охридско.
Радува фактот што средбите овој пат ги продолжија млади активисти, а тоа го потврди и глетката дека на оваа средба тие беа и најбројни. Месната Заедница од село Волино на истакнати активисти од дијаспората им додели заслужни признанија. Такви признанија добија Крсте Илинкоски, Габриела Трајаноска, Роберт Николоски и Иван Трпоски.

Останати вести