Ал Хилал – Вестерн Сиднеј Вондерерс 0:0
Во неделата, во раните утрински часови Вестерн Сиднеј Вондерерс успеаја да го остварат најголемото достигнување на еден австралиски фудбалски клуб досега, со освојувањето на титулата во Азиската шампионска лига за 2014 година.
Фудбалерите на Тони Поповиќ се враќаат во Австралија како херои, успевајќи да создадат историја со подобрување на поранешниот најдобар резултат во 2008 година, кога Аделаид Јунајтед играше во финалето, но тие не го освоија трофејот како Вондерерс.
Вондерерс играјќи нерешено без голови, и благодарение на нивната претходна победа во Сиднеј од 1–0, славеа над екипата од Саудиска Арабија Ал Хилал.
На средбата што се играше во Риад, домаќините имаа иницијатива и голем број шанси но голманот Анте Ковиќ беше несовладлив.
Треба да се признае дека и судијата направи низа грешки во својата проценка а домаќинот требаше да добие пенал во четири наврати. Во еден напад и Вондерерс не доби пенал кога имаше игра со рака во пеналтикот на домаќините. Главниот судија од Јапонија на овој натпревар беше истиот што го критикуваа за мекиот пенал против Хрватска во натпреварот за светското првенство против Бразил.
Претежно возбудувањето беше пред голот на Анте Ковиќ, иако на неколку наврати и Вондерерс го загрозија голот на домаќините.
На крајот од средбата некои од фудбалерите на Ал Хилал покажаа неспортско однесување кога пробаа физички да се пресметаат со фудбалерите на Вондерерс.
Како шампиони сега Вондерерс ќе ја претставуваат Азија на светскиот куп за клубовите на ФИФА во декември. Вондерерс се најмладиот тим во А–лигата и во својата кратка историја успеа да биде првак на А–лигата и сега шампион на Азиската лига.
02 Dec 2024