Двајца Американци и еден Британец добија одликувања откако успеаа да спречат и да совладаат тешко вооружен напаѓач во воз во северна Франција.
Француските медиуми објавија дека терористот е 26-годишен Мароканец, идентификуван како Ајуб ал-Казани кој наводно од претходно им бил познат на француските тајни служби, а бил вооружен со автоматска пушка „калашников” и со нож.
Инцидентот се случил во брзиот воз крај Арас, кога 26-годишниот Мароканец, вооружен со калашников, нож и пиштол, почнал да пука. Вооружениот Ајуб ал-Казани во нападот, кој се случи во петокот во брзиот воз Талис помеѓу Амстердам и Париз, ранил три лица – францускиот глумец Жан-Иг Англаде, еден Британец и еден американски маринец, по што патниците го совладале, меѓу кои бил и ранетиот маринец, јави Ројтерс.
Мароканецот наводно веќе им бил познат на француските тајни служби.
Според францускиот министер за надворешни работи, Бернар Казнев, нападот се случил во петокот, во 17.45 часот.
Според Би-би-си, едно од тешко ранетите лица е повредено со огнено оружје, а друго со нож.
Мотивите за нападот сè уште не се познати, па засега е прерано да се зборува за тероризам, рече портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи.
Набргу откако била избегната трагедија, хероите што реагирале и го совладале напаѓачот се одликувани за својата храброст: американските војници Ентони Седлер и Спенсер Стоун и Британците Алек Шарлатос и Крис Норман.
Откако Алек и Спенсер слушнале звуци на оружје, веднаш потрчале кон напаѓачот, објави Би-би-си.
„Се спремаше да пука, а Алек извика: ‘Спенсер, одиме!’ И тој и Спенсер потрчаа кон напаѓачот. Спенсер го собори на земја, Алек му го зеде оружјето, а потоа ние тројца го претепавме до бесвест”, рече Ентони Седлер.