Австралија не планира да учествува во копнените воени операции во Ирак, изјави австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп, која пристигна во посета на Багдад.
– Тоа не го ни побарале од нас, истакна таа по средбата со ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари.
– Ќе ја доставиме само помошта што ја побара ирачката Влада од нас, додаде таа.
Австралија кон крајот на септември испрати во базата на воено-воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати 400 војници и осум авиони, а на 3 октомври Владата одобри учество и во воените операции во Ирак.