Таткото на познатата австралиска глумица Никол Кидман, дотор Ентони Кидман, загинал во текот на престојот во Сингапур, каде живее помладата сестра на Никол- Антонија со сопругот и шесте деца.
Сè уште не е разјаснето под кои околности Ентони го загубил животот, но се претпоставува дека несреќата се случила при паѓање.
Ентони работел како клинички психолог во болницата „Ројал Норт Шор”, и бил добитник на Орден на редот во Австралија за својот придонес во психологијата.
Никол повеќепати изјавила дека е многу блиска со својот татко, кого го сметала за добар пример и поддршка во кариерата и животот.
К. А.
02 Dec 2024