Седуммина пожарникари загинаа при гаснење на пожар во Нов Јужен Велс, каде властите прогласија вонредна состојба поради огнената стихија.
Во Сиднеј од студентскиот град беа евакуирани повеќе од 2.000 студенти и професори.За ширењето на пожарот придонесува и сувото време, бидејќи температурата во регионот не е толку висока.
Според заменик шефот на противпожарната служба на Нов Јужен Велс, Боб Роџерс, моментно се утврдуваат причините за пожарот, а не се исклучува можноста тој да е подметнат.
– Во повеќе од 20 отсто случаи на подметнати пожари, ситуацијата не можеме да ја задржиме под контрола, изјави Роџерс.