Зајакнатиот долар води кон ново намалување на каматите

Повторно се предвидува ново намалување на каматните стапки, после наглиот раст на вредноста на австралискиот долар. И покрај фактот што каматите се на најниското ниво во минативе 53 години, Резервната банка на Австралија е под притисок да го намалу повторно интересот до ноември односно до Мелбурн кап.

Силниот долар носи опасност дека ќе ја заспори економијата и ќе ја направи неконкурентна за извезување Австралија.  Предвидувањата се дека доларот во наредните две недели ќе стигне од 94.56 центи на ниво од 97 центи со американскиот долар, се сеќаваме дека во критичните моменти нашиот долар купуваше и 1,09 америкнаски долари минатата година. Високиот долар владата на Абот го смета за негативен бидејќи го зголемува увозот, а го намалува извозот со што се создава дефицит.  Едноставно фабриките за да извезуваат низ светот треба да бидат конкурентни, а тоа не можат да го направат ако има премногу висока вредност на австралискиот долар.

За сите оние што имаат кредит ова е добра вест бидејќи би имале дополнителна заштеда ако се на променлив интерес.

Останати вести