Со Господ напред започна градбата во Роквуд

Деновиве, со Господ напред, започна градбата на настрешницата на гробиштата Роквуд!
Нашинецот Роберт Пачешкоски, од Компанијата “Complete Form and Construct” го исчисти местото и со тоа започна градбата.

Како што не извести главниот организатор, Крсте Мушаревски, ставен е камен темелник на овој македонски објект, за кој пари собра народот самоиницијативно. Имено, според македонските обичаи, после погребот, како и за време на изнесувањето на редовите, роднините послужуваат закуска, за душа на покојниот. Досега тој обред се вршеше на отворено. Со изградбата на овој корисен објект ќе се обезбеди достојно почитување на традицијата.
” Засега работата оди добро! Многумина од македонските мајстори ја донираат работата. Но потребни се мајстори за доброволна работа. Ако сакаат да се јават на 0404707967 ќе им бидеме благодарни, вели Мушаревски. Голема благодарност на сите што помагаат како и на сопствениците на Kings Court Daily од Рокдаел, Izvor Daily од Бенкстаун и Majstor Bakery од Ливерпул, kаде што се собираат донации. Значи, ако сака некој да подари за овој објект може да ги посети и да донира. И најмала сума е добредојдена.
Работата на изградбата на настрешницата се одвива според планот, со забрзано темпо.

Жаклина Михајлова

Останати вести