Новинарката Аманда Линдхаоут и нејзиното момче Најџел Бренан, австралиски фотограф, отишле на едно патување во Сомалија, што излегло многу наивна и глупава одлука, пишува „Вестинет”.
На третиот ден од нивното патување двајцата биле киднапирани од една сомалиска банда и биле однесени во затвор.
Двојката била киднапирана во 2008 година и во заробеништво поминале 15 месеци.
Бренан немал никакво воено искуство, а Аманда еднаш веќе била заложник во Ирак. Веднаш по киднапирањето двојката често била физички малтретирана, а Аманда речиси секоја ноќ била групно силувана. Несреќниот Бренан можел само да го слуша викањето на својата девојка која била злоставувана во соседната просторија.
Киднаперите побарале 3 милиони долари за откуп, а парот плашејќи се за својот живот ја примил муслиманската вероисповед. Но, дури и тоа не им помогнало многу, затоа што киднаперите продолжиле со малтретирањето на своите жртви. Еднаш им се покажала шанса да избегаат и тие неколебајќи се го направле тоа. Сепак повторно биле фатени затоа што еден од локалните жители одбил да им помогне.
За казна се зголемило изживувањето со нив. Постои сомневање дека во заробеништвото Аманда родила дете од некој од силувачите, но таа за тоа не сака да зборува.
По точно 460 дена од затворот, двојката била ослободена. Бренан напишал мемоари од овој свој ужасен дел од животот и ги објавил во 2011 година, а Аманда тукушто ја објавила својата книга.
Поранешната двојка не живее заедно и немаат никаква комуникација.