Жена го одбила за брак, а тој и пратил сметка од 200.000 долари

Жена од Мелбурн, која ја одбила брачната понуда, добила сметка во износ од 200.000 долари за сето она што нејзиниот несуден сопруг го потрошил на неа додека биле во врска

 

Шеесетипетгодишниот Брус Дастинг наводно бил во врска со Мари Лакомб (42), која била негов учител за танцување. Кога Лакомб ја одбила брачната понуда, Дастинг и испратил сметка преку своите адвокати со барање да му ги врати парите до последен цент што ги потрошил за неа.

Мари негира дека таа била во врска со Брус, кој тврди дека поседува листа на сите парични трансакции, кои се однесувале за неа и нејзините деца, а во кои се вклучени и посети на стоматолог.

– Сето ова беше нејзин обид да се игра со моите чувства за да ми извлече повеќе пари. Така јас гледам на тоа. И позајмував само пари и сето тоа го бележев, тврди Брус.

Од друга страна, Лакомб вели дека сите пари, освен позајмицата од 25.000 долари и биле дадени од хуманост.

– Кога се вселив во својата куќа, тој отиде и купи кревети за мене и моите деца. Не го барав тоа од него. Нашиот однос се влоши кога го одбив да се омажам за него. Тоа запросување беше шок за мене, објаснува таа.

Мари вели дека работела како асистент кај Брус, но дека никогаш не била платена за тоа.

– Каде се парите кои ги заработив работејќи за него сите години? Кога ќе биде подготвен да ми даде плата, ќе разговараме и за покачување, изјавила Мари.

Останати вести