Жените неверството го препознаваат на прв поглед

Како што покажуваат резултатите од една студија, жените се во состојба да ги препознаат мажите склони да ги изневеруваат своите партнерки со тоа што доволно е само да ги погледнат. Но, изгледа дека мажите немаат таква способност….

Во студијата објавена во магазинот „Biology Letters”, научниците откриле дека дамите со леснотија донесуваат проценка за тоа дали мажот е неверник или не врз основа на тоа колку мажевно изгледа.

-Женските проценки за неверноста покажале мала до умерена, но многу важна врска со мерењето на реалната неверност. За поедини припадници на посилниот пол врз основа на физичкиот изглед може да се процени веројатноста дека ќе бидат неверни – истакнале научниците од Универизитетот во Перт, Австралија.

Во студијата е утврдено дека жените многу подобро од мажите успевале врз основа на цртите на лицето да проценат нечија способност да биде верен.

Останати вести