Ако сте лице кое бара работа и треба да ги подобрите вашите вештини за зборување, читање и/ или пишување може да имате право на програмата Skills for Education and Employment.
Поголемо подобрување отколку само на вашите можности за работа
Програмата ќе ви помогне да стекнете вештини и самодоверба што ви се потребни за да се подобрат вашите шанси за добивање на работа или успешно завршување на стручна обука.
Како ќе ви помогне програмата?
Програмата ќе ви помогне да стекнете самодоверба и вештини потребни за да се добие работа. Таа:•ќе се изведува во мали групи за да се создаде еден пријателски и релаксиран амбиент
• ќе обезбеди поволни услови со лица кои се соочуваат со слични потешкотии при читање, пишување и броеви
• ќе биде обезбедена од страна на стручен кадар со искуство во настава за возрасни ученици
• ќе го подобри вашиот јазик или вештини за читање, пишување и броеви, како и
• ќе ви овозможи полесно да пополнувате формулари, да пишувате писма и кратки резимеа.
Кој има право на Skills for Education and Employment ?
Вие може да имате право за програмата, доколку сте регистрирано лице кое бара работа и вие сте:
•15 до 21 година (Youth Allowance)
•22 до 64 години и примате Newstart Allowance, Disability Support Pension, Parenting Payment, Widow Pension/Allowance или Partner Allowance
•доселеник кој е подложен на две годишен период на чекање за стален престој за новодојдени
•не-постојан жител и поседувате привремена или условна виза или
• државјанин или постојан жител на Австралија чиј прв јазик не е англиски. Во овој случај не треба да добивате исплата на социjална помош од Department of Human Services.
Носители на виза за квалификувани eмигранти во моментов немаат право на обука. Други визни услови, исто така може да се применат.
Кој ја води програмата и како можам да знам дали таа ќе бидат соодветна за мене?
Програмата се изведува од страна на локални обучувачи или TAFEs. Откако ќе бидете повикани за програмата, ќе бидете оценети и распоредени во клас или курс што одговара на вашите потреби. Ќе ви бидат обезбедени 10-20 часови на обука секоја недела. Можете да добиете бесплатна обука доколку ви е потребна.
За да дознаете повеќе информации на вашиот јазик
Одете на humanservices.gov.au
Јавете се на 131 202* за да зборувате со нас на македонски јазик.
*Трошоците за повици од вашиот домашен телефон до Department of Human Services’13’ броеви, се разликуваат во зависност од вашиот обезбедувач на телефонски услуги.
Информациите содржани се наменети само како водич за исплатите и услугите. Ваша одговорност е да одлучите дали сакате да поднесете барање за исплата и да поднесете барање, во однос на вашите посебни околности.