Знамето се вееше среде Мелбурн за независноста на Република Македонија

Подпредседателот на советот Зоран Здравески, конзулката Бети Коруновска и секретарот Александар Тодоров

 

Mинатиот понеделник на Federation Square (Плоштадот на федерацијата) во Мелбурн се одржа традиционалното кревање на македонското знаме во чест на 8–ми септември, денот кога Република Македонија пред 23 години ја прогласи својата независност.

Во Мелбурн оваа традицијата ја започна Советот на Македонската заедница за Викторија во 2008 година, и тој ден во центтарот на Мелбурн се врши церемонија со кревање на знамето и со интонирање на химната.
Церемонијата која е под покровителство на Советот беше водена од Зоран Здравески и Александар Тодоров, а покрај претставниците од Советот за Мелбурн и конзулката Бети Коруновска одржа пригоден говор.

Гоце Ристовски, Кристина Ристовска, Софи, Сузана Котевска, Лидија Несковска, Кен, Натасха ,Винета, Гоце Домазетовски, Вера Трајковска со Бијанка И Милан.

Останати вести